Германија заплени јахта во вредност од 600 милиони долари на руски милијардер роден во Узбекистан

Во рамките на санкциите воведени од Европската Унија поради руската инвазија на Украина, германските власти запленија јахта во вредност од 600 милиони долари на Алишер Усманов, рускиот милијардер роден во Узбекистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста во германските медиуми, властите во покраината Хамбург ја конфискувале јахтата на Усманов долга 156 метри во пристаништето Хамбург.

Моторната јахта се смета за најголема во светот во бруто-тонажа. Јахтата се наоѓа во бродоградилиштето на германската бродоградбена и инженерска компанија „Блом + Вос“ од октомври 2021 година.

Во вестите се наведува дека Усманов ја купил јахтата „Дилбар“ од германскиот производител на луксузни јахти „Лирсен“ за 600 милиони долари во 2016 година.

Јахтата има 65 кабини и може да прими 40 патници и 80 члена на екипажот. Покрај големиот базен, јахтата има и два хелиодрома и сауна.

изворр: Агенција Анадолија (АА).