Голема гранитна плоча вчера згмечи двајца работници на позната битолска фирма која се занимава со изработка на надгробни споменици и скали. Повозрасниот работник починал на лице место, додека другиот е во животна опасност, пренесе Независен.
– Денеска (30.04.2022) во 15.25 часот е пријавено дека во фирма во Битола, додека извршувале работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј. и М.Ш. Од здобиените повреди, М.Ј.(59) починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, пак М.Ш. (45) е пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Полициски службеници и трудов инспектор излегле на лице место, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција – изјавила портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова.