Гордана Јанкуловска благодарение на измените на правилникот е една од жените-затворенички од „Идризово“ кои во месец јули почнаа со користење право на викенд отсуство. За прв пат по скоро три години поминати зад решетки, без да може да излезе да го види својот син и семејството користеше викенд отсуство на 1 ви јули, а слободен викенд и е и овој. Јанкуловска вечерва беше во Охрид.
Инаку измените на Правилникот траеа со месеци. Антидискриминациска изготви решение со кое бараше жените да имаат исти права како и мажите. Потоа процесот се префрли во ресорното министерство. На крајот, затвореничките ги добија правата кои ги бараа. Измената на актот беше позитивно поздравена од невладини организации кои се залагаат за унапредување на човековите права.
фото: Архива