Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со учесниците на “Школата за безбедност 2025“

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со учесниците на „Школата за безбедност 2025“ која се одржува во Охрид и Скопје од 6-ти до 8-ми март.

На средбата беше отворена кратка дискусија на која градоначалникот Пецаков ги запозна студентите со мерките и активностите кои Охридската локална самоуправа ги презема во делот на справувањето со кризи. Тој потенцираше дека формиран е Штаб за заштита и спасување на Општина Охрид кој е постојана соработка со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Исто така, ги информираше гостите дека општината има донесено Програма од областа на заштита и спасување, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи,  а со новата систематицација во рамки на Локалната самоуправа е формирано Одделение за заштита и спасување и управување со кризи.

На средбата беше потенцирано дека Општина Охрид веќе е дел од Иницијативата за отпорни градови  Making Cities Resilient 2030 (MCR2030) во рамки на Канцеларијата на ООН за намалување на катастрофи, а беше разговарано и за иницијативата за формирање на комунална полиција, која значително ќе придонесе за безбедноста во Охрид, особено во периодот на летната туристичка сезона.

Градоначаникот Пецаков одговори и на низа прашања поврзани со актуелените теми за безбедност и заштита од природни непогоди на локално ниво, актуелните проекти и предизвиците со кои се соочува Општина Охрид во неколку области од работењето.

„Школата за безбедност 2025“ е во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“ и на неа учествуваат студенти од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Факултетот за политички студии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Софија, Бугарија и Факултетот за политички науки при „Белградскиот универзитет“ од Белград, Србија.