Кисела Вода уште ја нема добиено казната од Град Скопје која е 84 000 евра за депонирањето на отпадот пред Дрисла.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиев на денешната прес коференција најави дека ќе ја оспори на суд казната што му ја наметна Арсовска. Според него градските инспектори немале надлежност да пишуваат казни бидеќи како што вели депонијата е лоцирана надвор од територијата на градот.