Градската болница „Св. Наум Охридски“ доби нова современа опрема за напредни уролошки процедури

Инсталирана е нова современа опрема за напредни уролошки процедури на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” во Скопје.

Опремата е набавена од Министерство за здравство, и во вредност од 26 милиони денари, беше кажано на денешната прес-конфренција на министерот за здравство Арбен Таравари, кој беше во посета на боленицата.

„Св. Наум Охридски“ доби ендоскопски столб со кој на годишно ниво ќе се вршат околу 100 лапароскопски и 350 ендоскопски интервенции за различни уролошки состојби. Болницата доби и мов хируршки тулиум ласер, за лекување калкулоза.

Со новата опрема се зголемува капацитетот на одделот за урологија, со цел побрзо и поефикасно лекување на пациентите, изјави Таравари.