Оддалечен, леден и главно неистражен, Гренланд игра главна улога во секојдневните временски услови за милијарди луѓе и за глобалните климатски промени.
Гренланд е место на климатски промени, оскудни ресурси, „напната“ геополитика и нови начини на тргување, и сето тоа се испреплетува, вели Џеф Дабелко, професор по безбедност и животна средина на Универзитетот во Охајо.
Островот сега е центар за геополитичка и геоекономска конкуренција на многу начини, делумно поради климатските промени, смета Дабелко.
Уште во својот прв мандат, новоизбраниот претседател Доналд Трамп изрази интерес за купување на Гренланд, кој е полуавтономна територија на Данска, американски сојузник и една од земјите што го основаа НАТО.
Исто така, таму има голема американска воена база.
Зошто е Гренланд пожелен?
Помислете на Гренланд како отворена врата од фрижидерот или термостат за глобално затоплување, а тој е во регион кој се загрева четири пати побрзо од остатокот од светот, вели климатскиот научник Дејвид Холанд од Универзитетот во Њујорк.
Гренланд содржи ретки минерали со огромна вредност за телекомуникациите, како и ураниум, потоа милијарди неискористени барели нафта и огромно снабдување со природен гас што некогаш беше недостапно, а станува се поретко.
Многу од тие минерали во моментов главно се испорачуваат од Кина, така што други земји како САД се заинтересирани, посочува професорот Дабелко.
slobodnaevropa.mk