Гром усмрти планинар во Грција

Планинарската трка на планината Фалакро во грчка Драма заврши со трагедија, бидејќи еден од планинарите загинал при удар на гром, додека другиот натпреварувач е во тешка состојба, јави грчкиот јавен сервис „ЕРТ“.

Третиот алпинист, кој цела ноќ останал со загинатиот и повредениот тркач, покажал знаци на хипотермија, а со нив била и жена која во шок била однесена дома.

Во акцијата за спасување учествувале 14 пожарникари со пет возила.

Повредените мажи со хеликоптер биле пренесени во Крисупола, а потоа во болницата во Кавала.

Трката почна во саботата навечер, во подножјето на Фалакрос, а поразениот тим бил блиску до целта кога се случил фаталниот удар од гром.

МИА