Синоќа се случила групна тепачка меѓу шест лица, при што се користеле метални и дрвени предмети.
– На 20.06.2023 во 01.30 часот на подрачје на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Џ,К.(46) и С.К.(36), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 00.20 часот со метални и дрвени предмети предмети ги нападнале Џ.Б.(31), Р.Б.(40), А.Б.(34) и С.Б.(18), сите од Скопје, по што оштетиле и дел од покуќнината во нивниот дом, соопшти МВР.
Причина за нападот, според пријавеното, било претходно недоразбирање помеѓу нивните деца.
– Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Македонските фанови полека пристигнуваат во Палермо пред фудбалскиот натпревар на македонската репрезентација. Од секое ќоше ечи македонска песна, обоен е…