Авио упатства (НОТАМ) со забрана за летови во следните три месеци во воздушните простори на Украина, Молдавија и Белорусија издаде Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција.
Првично беше издадена НОТАМ само за воздушниот простор на Украина, но подоцна преку нови дополнителни авио упатства беа вклучени и воздушните простори на Молдавија и Белорусија.
Согласно упатствата, на сите цивилни авиони им е забранет влез во воздушниот простор (FIR) на Украина, Молдавија и Белорусија поради високата опасност на воената активност во поширокиот регион, а исто така треба да се избегнува и воздушниот простор на границата меѓу Украина и Русија.
Конкретните упатства се во сила до 24 мај 2022 година.
извор/фото: агенции