Дарко и Хрисанта не на одмор, туку со нов живот во градот од соништата

Дарко Петковски попознат како Дарко-Спејко, некогаш ријалити победник во „Големиот брат“, моден блогер, модел, инфлуенсер, рапер, спортски директор и општински функционер, однеодамна реши да смени локација и започне нов живот. И тоа не било каде, туку во Дубаи. Градот од соништата, за кои многумина мечтаат само и да го посетат, а камо ли во него да живеат и работат.

Покрај честата промена на професиите, по која веројатно ниту самиот веќе не знаеше што е и кое занимае најмногу му прилега и одговара, Спејко стана познат и по промената на девојките, кои отсекогаш биле вистински убавици… И оние за кои јавноста знаеше, како Тина Шегетин со која беше во регионалното ријалити во кое се прослави, струмичката модна блогерка и модел, Љупка Митрова или оваа најновата, расната русокоса убавица која неодамна дипломираше психологија, Хрисанта Монева и се’ уште му е актуелна љубов.

Откако се заедно повеќе од 4 години, дарко и раскошната Хрисанта се речиси нераздвојни, што веројатно е стил на живот на Спејко, или можеби навика стекната од минатите љубови.

Викенди, одмори, егзотични дестинации, па се’ до сега заедничкиот живот во Дубаи, каде според информациите покрај тоа што се профилира како инфлуенсер и фитнес тренер, Спејко во “градот на соништата“ работи и како кошаркарски тренер.

Политичката кариера засега му мирува, а на пауза се и неговите музички обиди како (т)рапер. Во реалните шоуа веројатно никогаш повеќе нема да се врати, а кошарката и фитнесот очигледно сега му зе главна професија и професионална занимација на најпозната блискоисточна локација.

 

vistina.com.mk