Двајца загинати, 14 повредени во напад на ноќен клуб во центарот на Осло

Две лица се убиени во пукање во ноќен клуб во норвешкиот главен град Осло.

Полицијата на Твитер објави дека уште неколку лица се повредени, а еден осомничен е приведен набргу по пукањето во близина на местото на настанот.

Сите индиции укажуваат на осамен сторител. Три лица се тешко повредени, а на 19 им била укажана лекарска помош – изјави полицискиот портпарол Торе Барстад.

Локалните медиуми јавија за најмалку три места на злосторство.

Нема информации за потенцијалниот мотив, но инцидентот првично не e класифициран како терористички. Полицијата не даде информации за возраста или идентитетот на уапсениот.

видео: 247TV

фото: PRTSC Twitter