Двајца поранешни директори на ЕСМ се надвор од Македонија – се бараат за проневера за 6,5 милиони евра за тендери во РЕК Битола

Двајца поранешни директори на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и Васко Стефанов кои не се во земјава, како и екс директорите на РЕК Битола, Пеце Матевски и на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, како и членови на неговото потесно семејство и други лица, се гонат за проневера на шест и пол милиони евра од тендери.

Меѓу осомничените е и велешанката Маја Јорданова, чија фирма „Браинкоде“ ги доби трите тендери од ЕСМ за набавка на адитиви од Италија кои изнесуваат колку и оштетената сума.  За истиот тендер се гони и Данчо Стојановски, кој бил директор за комерцијални работи во ЕСМ, кој се смета за организатор на набавка на адитивите и е роднина на Јорданова. Осомничен е и Пецо Стојановски, кој го носи истото презиме.

Инаку на тапет на обвинителството се за перење пари се и други семејни зделки поврзани со Стојановиќ.

„Хем-алијанс“, семејната компанија на Стојановиќ, чиј сопственик е неговиот татко Мирко, а директор неговата сопруга Милица. Фирмата во 2022 година доби тендер вреден 630.000 евра за набавка на хемикалија за потребите на РЕК Битола. На листата на осомничени се и неговиот брат Ранко и Смиља Стојановиќ.

„Од информациите кои ги имам и сум запознат од страна на МВР, станува збор за добро организирана група на високи претставници на компанијата и лица кои управуваат со други правни субјекти, за кои постои основано сомнение дека направиле криминал од околу 6,5 милиони евра. Многу докази се најдени, но тоа ќе го оставам на обвинителството, на судовите. Мора да веруваме на презумпцијата на невиност“, изјави Христијан Мицкоски.

Ковачевски се шпекулира дека се наоѓа во Виена, а државата ја напуштил на 1 септември на граничниот премин со Грција. И премиерот Мицкоскиж потврди дека тој не е во земјава.

„Очекувам брзо, денеска да биде обезбеден пред правдата и сите да дадат одговор за овие основани сомневања, иако морам да кажам голем број на докази веќе се обезбедени“, додаде Мицкоски.

Под координација на двајца обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се спроведува полициската акција. За детали од акцијата сè уште се чека да завршат претресите. Според досегашните сознанија, за време на претресите биле најдени големи суми на кеш.

 

 

telma.mk