Демонстранти фрлија супа врз „Мона Лиза“, во музејот Лувр во Париз

Демонстранти фрлија супа врз „Мона Лиза“, во музејот Лувр во Париз. Двете жени откако ја истуриле супата застанале пред сликата и извикувале „здрава и одржлива храна“ и „нашиот земјоделски систем е болен“.

Обезбедувањето на музејот ги совладало демонстрантките, поставиле црни паравани пред сликата и го евакуирале музејот.

Сликата на Леонардо Да Винчи од 16 век е едно од најпознатите уметнички дела во светот и не е прв пат да биде мета на вандали. Таа беше заштитена со непробојно стакло уште од 50-те години на минатиот век, откако посетител ја оштети истурајќи киселина врз неа.

Во 2022 година друг посетител фрли торта врз заштитното стакло.

 

 

telma.mk