Денеска имав чест да присуствувам на отворањето на Националниот тренинг центар за олимписко спортско стрелаштво во Скопје, модерен простор кој претставува вистинска гордост за македонскиот спорт.
Како министер за внатрешни работи, чувствувам големо задоволство што имаме вакви инвестиции кои го поттикнуваат спортскиот дух, дисциплината и прецизноста, вредности кои се важни и за полицијата и за целото општество.
Честитки до Министерството за спорт и сите кои вложија труд овој проект да стане реалност. Стрелаштвото е спорт за сите, а сигурен сум дека ова стрелиште ќе биде нов дом за сегашните и идните шампиони. 


