Руските власти најавија дека од денеска ќе стапи на сила прекинот на огнот за неколку украински градови за евакуација на цивили преку хуманитарни коридори.
„Руската Федерација објавува прекин на огнот во 10 часот (по московско време) на 8 март”, за евакуација на цивили од Киев, како и од други градови.
Станува збор за градовите Суми, Харков, Чернихив и Мариупол, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана задолжено за хуманитарните операции во Украина.
Третата рунда руско-украински разговори заврши синоќа во Белорусија, а Украинците изјавија дека се постигнати „позитивни резултати” за хуманитарните коридори, а Русите рекоа дека „можело да се направи повеќе”.
МИА