Денеска ќе се менуваат девет закони за автопатите на „Бехтел и Енка“

– Измените и дополнувањата на девет закони поврзани со автопатските делници што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ се на дневен ред на денешната 112-та собраниска седница. Сите закони се по скратена постапка, а предлагачи се група пратеници од владејачкото мнозинство.

На дневен ред на седницата се измените и дополнувањата на законите за земјоделско земјиште, за експропријација, за урбанистичко планирање, за градење… Како последна точка на дневниот ред се измените и дополнувањата на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола), по скратена постапка.

 

извор: Република