Денес гласаа болните и затворениците во вториот круг од локалните избори за градоначалници

Гласањето за болните и немоќни лица, притворени и затворени лица, како и за граѓани сместени во установи за вонсемејна грижа, се одвива непречено во сите општини каде што утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори, вклучително и во Градот Скопје, информира Државната изборна комисија (ДИК).

„Гласањето е спроведено навреме, немаме никаков проблем ниту со изборен материјал, ниту со изборни органи. Нема забелешки, приговори или поплаки,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

До 16 часот своето право на глас го оствариле 2.762 од вкупно 4.826 болни и немоќни лица, 380 од 1.256 затвореници и лица во притвор, како и 78 од 214 лица во установите за вонсемејна грижа.

Во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи утре, ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и за советници во Шуто Оризари. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани.

Кондарко појасни дека гласовите од денешното гласање нема да се бројат одделно, туку ќе бидат запечатени и приклучени кон утрешното гласање, а потоа ќе бидат објавени како дел од вкупните резултати. По завршувањето на гласањето, ДИК ќе објави дополнително соопштение за одзивот.

Оттаму додаваат дека денеска треба да гласаат 4 826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од Општинските изборни комисии.

Ќе гласаат и затворениците и лицата во домашен притвор од општините каде се бираат градоначалници.

Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници.

Право на глас имаат 1 013 375 граѓани.

 

 

 

slobodnaevropa.mk