Десет лица повредени во пожарот што попладнево избувна во хотелот „Буши“ во Скопје со возила на Итната медицинска помош се однесени во Градската општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за токсикологија, изјави за МИА раководителката на Итната медицинска помош (ИМП), Милица Бубало, објави Сител.
Од нив, посочи таа, двајца се здобиле со потешки повреди.
Додаде дека на лице место екипите на ИМП интервенирале и за други полесно повредени лица кои се пожалиле на тешкотии со дишењето.