Деца нападнале соученик и се обиделе со тврд предмет да извршат полово дејствие врз него!

На 08.10.2024 во 20:00 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11:00 до 15:00 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици.

Според пријавата, насилниците со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствие врз него.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.