Барем според од она што можам во моментов да го изјавам за јавноста, е тоа дека кон средината на следната седмица од запад и од северозапад територијата на нашата Република Македонија ќе биде зафатена од влажен воздушен бран, кој со судирот на ладниот воздух кој е присутен кај нас и се спушта од истокот и од североистокот на Европскиот Континент ќе услови врнежи претежно од снег, а само локално во пониските места ќе врне дожд и снег, особено во Повардарието и во југоисточните предели од нашата Македонија.
На картата можеме да забележиме дека особено во западната половина од Македонија ќе се формира снежна покривка и во повеќето пониски места (градовите), иако истата ќе биде помала, а поголема снежна покривка ќе се формира на планинските места, а на Скијачките центри таа ќе се зголеми.
Во следните мои метео објави следува најнова детална анализа токму околу ова, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.