Докторка од очната болница во Битола барала поткуп од 100 евра за интервенција

Очна докторка од ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ побарала поткуп од 100 евра (околу 6 илјади денари) за да изврши интервенција, јавува Сител телевизија.

Според информациите, ова не е прв пат истата докторка да побара пари од истата пациентка.

Пациентката отишла да закаже операција кога и било побаран поткупот, по што отишла во полиција од каде и биле дадени обележани пари, а денеска при носење на поткупот, докторката била уапсена.

Станува збор за И.Д.(67) од Битола.

 

 

 

4news.mk