Најавата на Таравари доаѓа откако изминатиот период се регистрирани зголемен број позитивни случаи на вирусот.
„За другите вакцини со Европската комисија се води набавка за сите држави во ЕУ, а Македонија е во тој пакет. Колку што имам информации, тоа е во финална фаза и наскоро ќе бидат снабдени сите европски држави со вакцини за инфлуенца и за ковид“, рече денеска Таравари одговарајќи на новинарски прашања.
Минатата недела, поради зголемениот број позитивни случаи на ковид-19, Комисијата за заразни болести повика граѓаните да се придржуваат до општите мерки за превенција од респираторни инфекции.
slobodnaevropa.mk