на денешната седница на предлог на Министерството за одбрана беше донесена Одлука за испраќање на 31 припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово за период од шест месеци, сметано од август 2022 година, како и Одлука за испраќање на двајца припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „ANATOLIAN EAGLE 22“ во Република Турција.
Исто така, беше донесена и Одлука за одобрување, влегување и престој на 33 припадници на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ (SOUTH EAST EUROPE BRIGADE – SEEBRIG), од Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Романија и Република Турција со материјално – технички средства, воени моторни возила и опрема на територијата на Република Северна Македонија, кои заедно со девет припадници на воениот и цивилниот персонал на Армијата на Република Северна Македонија, ќе учествуваат во извршувањето на должностите во Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ.
извор: Влада
фото: Влада