Дојави за бомби на четири локации во Сплит

Сплитската полиција од утрово пред седум часот проверува дојави за бомби кои пристигнале на четири локации во тој град.

Во анонимната електронска пошта, која е испратена и до медиумите, се наведува дека експлозивни направи биле поставени во градската управа, во црквата „Свети Франциско“, во близина на споменикот на хрватските одбранбени сили и во трговскиот центар „Сити центар еден“, пренесува хрватски Индекс.

Работното време во градската управа почнува во  седум часот, па немало потреба од евакуација, само вработените биле предупредени да не доаѓаат на работа, пренесува порталот.

Сплитско-далматинската полиција соопшти дека утринава добила мејл со анонимна дојава за наводно подметнати експлозивни направи.

 

 

index.hr