На ден 24.11.2022год. Државниот инспекторат за животна средина извршил инспекциски надзор при што е изготвен Записник за констатација од страна на државен водостопански инспектор при што се констатира следно:
Од страна на Друштво за градежништво, производство и трговија БЕТОН ГРУП-М И М ДООЕЛ Кавадарци е сторен прекршок според член 245 став 1 точка 25 став 2 од Закон за води при што горе именуваниот сторител е согласен за поведување на постапка за спогодување согласно Законот за животната средина.
⚖Согласно член 245, Прекршочна санкција за правно лице:
(1) Глоба во износ од 36.000 до 40.000 евра во денарска противвредност за мали трговци, ќе се изрече за сторен прекршок,
доколку:
25) вади песок, чакал и камен од коритата и бреговите на површинските водни тела без
дозвола од членот 142 од овој закон;
(2) Глоба во износ од 2.000
евра во денарска противвредност за мали трговци, ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице, за дејствијата во ставот (1) на овој член.
⚖Државниот инспектор е должен да покрене постапка за спогодување до Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 8 дена од денот на составувањето на овој записник.
извор: Државен инспекторат за животна средина
фото: Архива на ДИЖС