Државното правобранителство бара кривично да одговараат некогашните обвинители на СЈО Артан Ајро и Гаврил Бубевски, како и екс – истражител во згаснатото СЈО, Арафат Муареми, кој е актуелен директор на Управата за финансиска полиција. Според Државното правобранителство, тие не побарале навремено да се замрзне имотот на фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан, кој беше осуден на 4 години и 8 месеци затвор за случајот „Труст“. Имено, „Трансмет“ од ЕЛЕМ со лажни документи доби тендер за ископ на јаглен од 17,3 милиони евра, но државата тие пари не може да си ги врати. Но, обвинителите Ајро и Бубевски, како и Муареми, го демантираат Државното правобранителство и тврдат дека во предметот постапиле правилно.
Related Posts
На 23-годишна возраст почина кикбоксерот Марко Тодоров
Почина младиот 23-годишен шампион во кикбокс Марко Тодоров. Семејството, пријателите, соработниците и фановите се простуваат од прерано починатиот Марко на…
Божествена литургија за прв пат во село С’ботско утре на 13 април, македонската заедница во Елада
12 април 2023 година, Солун, Беломорскиот дел на Македонија – На Велики Четврток, 13 Април 2023 година, во С’ботско (Аридеа)…
(ВИДЕО) Туристичкиот сектор од Врњачка Бања и ХОТАМ потпишаа договор за соработка – контретните чекори ќе се прецизираат на состанок во Охрид
Претставници од Туристичкиот сектор од Врњачка Бања и ХОТАМ од Македонија, Ѓорге Макујевиќ и Крсте Блажевски, вчера на Белградскиот саем…