Дубаи е новата дестинација за богатството на русите

Богатите Руси се обидуваат да го преместат своето богатство од Европа во Дубаи со цел да го заштитат својот имот од строгите санкции од западните земји кон Русија порад инвазијата врз Украина, велат финансиски и правни извори за Reuters.

Дубаи е слободен финансиски и бизнис центар на заливот и долго време е магнет за ултрабогатите луѓе од целиот свет, а одбивањето на ОАЕ да заземат некоја страна во конфликтот меѓу Русија и Украина е знак дека парите на Русите ќе бидат безбедни таму.

ОАЕ, кои низ годините ги продлабочија своите односи со Русија, не се приклучија на санкциите кои ги воведоа западните земји, а нивната централна банка досега не издаде никакви насоки во тој правец.

Сега може да се забележи дека многу богати Руси настојуваат да го префрлат својот имот во Дубаи, средствата кои досега ги чуваа во Швајцарија или во Лондон, а каде што се санкционирани руските поединци и организации“ вели анонимен банкар од швајцарска приватна банка, а тоа го потврди и адвокат запознаен со активностите на руските богаташи.

 

inovativnost.mk