Евакуиран државјанин на Романија кај пештерата Врело на кањон Матка

На 11.07.2026 околу 21:20 часот во СВР Скопје Б.А.(58) од Романија пријавил дека се изгубил во близина на кањон Матка. Имено, Б.А. преку мобилен телефон испратил координати на кои било означено дека се наоѓа во близина на пештерата Врело. По преземени мерки од страна на полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје тој бил пронајден во шумата кај пештерата Врело во добра здравствена состојба.