Европската унија ги објави „најстрогите санкции“ против Русија

Лидерите на Европската унија се договорија за санкции против Русија. Тие се насочени кон 70 отсто од рускиот банкарски пазар и клучните државни компании, рече претседателката на Европската комисија, истакнувајќи дека тоа се историски санкции.

– Прво, овој пакет вклучува финансиски санкции насочени кон 70 отсто од рускиот банкарски пазар и клучни државни компании.

– Второ, го таргетираме енергетскиот сектор, клучна економска област која особено е во корист на руската држава – рече таа, објаснувајќи дека забраната за извоз на ЕУ ќе влијае на нафтениот сектор со тоа што ќе ја спречи Русија да ги надградува своите рафинерии.

– Трето, забрануваме продажба на авиони и опрема на руски авиокомпании.

– И четврто, го ограничуваме пристапот на Русија до клучните технологии, како што се полупроводниците.

Конечно, ги забрануваме визите. Дипломатите и деловните луѓе повеќе нема да имаат привилегиран пристап до Европската унија.

Напаѓаме и руски елити со ограничување на нивните депозити за да не можат повеќе да ги кријат своите пари во Европа – изјави претседателката на Европската комисија.

 

извор/фото: агенции