Во сударот на автобус и патнички автомобил кај Младеновац во Србија, еден од возачите загина, а повеќе од 30 патници се повредени.
Несреќата се случила во 5.40 часот на приодниот пат кој од Младеновац води кон автопатот, кај клучката Мали Пожаревац.
По тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава кај Младеновац, во Србија, во Ургентниот центар во Белград се примени вкупно 37 лица, повеќето се со повреди на главата, а дел со ортопедски повреди.
Српските медиуми јавуваат дека 30-годишниот возач на џип загинал откако преминал на спротивната лента и директно се судрил со автобусот.