Експлозија во Солун: Жена загина при обид да ограби банкомат

Во експлозија на бомба во Солун, Грција, изутринава (3.05) загина 38-годишна жена. Таа била пренесена во болница со тешки повреди, каде била констатирана смрт, објави весникот „Катимерини“. Според грчките власти, брзо е отфрлена можноста за терористичка позадина на експлозијата, во која се уништени и повеќе излози на околни продавници и возила.

Солун експлозија
Истрагата за случајот ја презеде грчката Дирекција за организиран криминалФотографија: Konstantinos Tsakalidis/SOOC/AFP/Getty Images

Жената ѝ била позната на полицијата по разни грабежи и веќе била во затвор, пренесе „Катимерини“. Полицијата се сомнева дека сакала да го искористи експлозивот за да разнесе банкомат, но експлозивната направа претходно ѝ експлодирала во рацете. Оваа теорија ја потврдуваат и снимки од околните камери за надзор. Истрагата за случајот ја презеде грчката Дирекција за организиран криминал.

 

извор:DW