Ердоган оствари телефонски разговор со Путин

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.

Во соопштението се вели дека Ердоган и Путин разговарале за енергетски прашања и за регионални теми, вклучувајќи ја и Сирија.

Исто така, се наведува дека двајцата претседатели се осврнале на односите меѓу Туркије и Русија, како и за војната меѓу Украина и Русија.

Ердоган во разговорот истакна дека ја зајакнале и продолжуваат со зајакнување на инфраструктурата со цел да се отвори центар за природен гас во Туркије. Тој нагласи дека во оваа насока, наскоро ќе ја подготват Мапата на патот и ќе преземат конкретни чекори во врска со ова прашање.

Турскиот претседател рече дека со коридорот за жито, размената на заробеници и со иницијативите за обезбедување безбедна зона во околината на нуклеарната централа во Запорожје докажано е дека преговорите во врска со Руско-украинската војна даваат позитивни резултати.

Ердоган во разговорот со Путин порача дека конечно треба да се преземат конкретни чекори за расчистување на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ, особено од Тел Рифат и Мунбиџ.

Исто така, Ердоган рече дека со цел да се постигне конкретен резултат во врска со Сирија, потребно е режимот да биде конструктивен и дека е потребно да се реализираат некои чекори во политичкиот процес.

 

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).