Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска официјално ја отвори метро-линијата Кагитане – Аеродром „Истанбул“, јавува Агенција Анадолија (АА).
На свеченото отворање на метро-линијата присуствуваа голем број турски претставници и граѓани.
Ердоган во своето обраќање пред присутните рече дека со метро од квартот Кагитане ќе може да се стигне до Аеродромот „Истанбул“ за 24 минути.
Метро-линијата Кагитане – Аеродром „Истанбул“ има капацитет дневно да прими 800 илјади патници.
Турскиот претседател истакна дека е многу среќен и горд што Истанбул доби уште една историски важна градба.
Новоотворената метро-линија е долга 34 километри и се состои од осум станици.
„Користени се десет машини за пробивање тунели истовремено за да се стави што поскоро во функција на Истанбул нашата метро-линија, како што и ветивме. Процесот на изградба на ова метро, кое само по себе сруши многу рекорди, е приказна за важната градба на која работеа домашни инженери“, рече Ердоган.
Изградбата на метрото Кагитане – Аеродром „Истанбул“ започна пред три години.
„Туркије му ја докажа на целиот свет својата моќ и способност во изградба на метроа. Кога ќе ги завршиме сите проекти, ќе ја зголемиме мрежата на железничкиот систем во Истанбул на повеќе од 380 километри“, истакна Ердоган.
На крајот тој потсети и дека Аеродромот „Истанбул“ се наоѓа на првото место меѓу најфреквентните аеродроми во Европа и најдобрите во светот.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).