Претседателот на Туркије (Турција), Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со британскиот премиер Борис Џонсон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во соопштението се наведува дека Ердоган и Џонсон разговарале за односите меѓу Туркије и Велика Британија.
Се истакнува дека лидерите се осврнале и на регионалните прашања, вклучувајќи ја и руско-украинската војна.
Како што се нагласува во соопштението, Ердоган и Џонсон размениле мислења и за соработката во областа на одбранбената индустрија.
Ердоган во текот на разговорот порачал дека неопходно е да се изнајде решение за безбеден извоз на житото од Украина.
извор:Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).