Во саботата околу 18.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Октомвриска револуција“, ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Ѓорче Петров“, патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(22) од Куманово, удрило во пешаците Р.Д.(80) и Н.Н.(85), двајцата од Куманово.
По несреќата, на Р.Д. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде на 01.08.2022 починала, соопштија од МВР.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
извор: МВР