43-годишна жена и три деца загинаа синоќа во пожар во куќа во Лондон. Децата се 15-годишно девојче и две момчиња на возраст од 8 и 4 години. Повредени се уште две лица.
Пожарот избувнал во областа Брент, на северозапад од градот. Лондонската полиција уапси 41-годишен маж во врска со пожарот. Тој е осомничен за убиство. Неговиот однос со починатата жена и децата не е познат.
За гаснење на пожарот ангажирани се десетици пожарникари. Фотографиите покажуваат две куќи со тераса целосно уништени од пожарот.
Жената и едно од децата се живи извлечени од зградата, но и двете починале во возилото на Брзата помош. Останатите две деца биле пронајдени мртви во куќата.
извор:НОС Холандија




