(ЖИВО) Обраќање на премиерот Ковачевски на Преспа форум за дијалог

Премиерот Ковачевски денеска ќе се обрати на Преспа форумот за дијалог и ќе има повеќе билатерални средби

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска како главен говорник ќе ја отвори сесијата на тема „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“, предвидена да започне во 9:30 часот во рамките на Преспа форумот за дијалог.