Загреб на второ место во Европа по вкупната зелена инфраструктура

Според вкупната зелена инфраструктура, Загреб е на второ место во Европа, веднаш зад Осло, а следуваат Љубљана, Хелсинки и Вилнус. На последните пет места се: Скопје, Приштина, Никозија, Атина и Валета. Станува збор за податоци кои неодамна се објавени од страна на Европската агенција за животна средина (EEA), а врз основа на истражувањата и мерењата спроведени од Copernicus, шри што се опфатени 38 главни градови на Европа.  Според урбаниот зелен простор, водечки градови се Стокхолм, Даблин, Атина, Брисел и Подгорица. Во областа урбано шумарство, редоследот е Осло, Берн, Љубљана, Вилнус па Загреб.

Со ова истражување, EEA сакала да ја покаже важноста на висококвалитетните зелени (шуми, паркови и тревници) и сини (реки, потоци и езера) површини, за одржувањето на здравјето во градовите, особено кога се работи за стари лица, деца или лица со ниски приходи. Истовремено, податоците од истражувањето покажуваат дека можностите за уживање во зеленилото и водените површини се драстично различни ширум Европа. Како град кој има највеже зеленило (а кој не е главен град), се истакнува Cáceres во Шпанија, каде вкупната зелена површина е дури 96% од површината на градот, додека на дното на листата е Трнава во Словачка со само 7%.