На ден 11.10.2024 година, во атар на село Челопеци Шумско стопанска единица Рабетинска река, оддел 14, од страна на шумочуварската служба на подружницата Лопушник-Кичево, затекнато е лице како има дотурено и подготвено за носење бесправно посечено дабово огревно дрво. По извршена контрола дрвата се одземени и пренесени во склад на подружницата Лопушник, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.