Започна трилатералната средба на министрите за надворешни работи на Русија, Украина и Турција

Со посредување на Турција утринава започна трилатералниот состанок на министрите за надворешни работи на Русија, Украина и Турција, кој се одржува во турскиот град Анталија на маргините на Дипломатскиот форм во Анталија (ADF), јавува Агенција Анадолија (АА).

Трилатералната средба се одржува во хотелот „Регнум Карја“.

Војната на Русија против Украина, која започна на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда и доведе до сериозни финансиски санкции против Москва. Податоците на Обединетите нации покажуваат дека околу два милиони луѓе ја напуштиле Украина во соседните земји.

Со цел да се запре руско-украинската војна, страните досега одржаа три рунди преговори во Белорусија, но несогласувањата продолжија. На последниот состанок беше договорен привремен прекин на огнот за евакуација на цивили.

Пред војната, како и по почетокот на руските напади, Турција се понуди да биде посредник за постигнување решение преку дијалогот меѓу Русија и Украина.

Како дел од овие иницијативи, претставниците на двете земји се договорија нивните министри за надворешни работи, со посредство на Турција, да се сретнат на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија (АДФ).

извор: Агенција Анадолија (АА).