Затворени три објекти кои имале важечка лиценца, но не исполнувале услови

Владата денеска потврди дека поднела барање до министерството за економија за одземање на дозволата за работа на три од 12 објекти кои поседувале лиценца.

Според портпаролот Марија Митева, ДПИ утврдило дека објектите не исполнуваат минимум услови за работа, и затоа ќе им биде одземена дозволата.

„Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања. Од вчера направени контроли на 12 објекти кои се со важечка лиценца, до овој момент за три од нив се покажа дека не исполнуваат минимиум технички услови за прием, а имаат активна лиценца за вршење дејност. Во текот на денот ќе излеземе за информации за останатите девет објекти“, рече Митева.