Во обраќањето на заедничката седница на Конгресот на САД, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика пратениците и сите Американци да продолжат да ја поддржуваат неговата земја во нејзината борба за суверенитет и демократија против тиранската Русија, предупредувајќи дека сè што е помалку од победа ќе го загрози слободниот свет, вклучувајќи ги и САД. „Битката не е само за животот, слободата и безбедноста на Украинците. Тоа ќе дефинира дали ќе има демократија за Украинците и за Американците“, рече Зеленски, облечен во маслинест зелен џемпер и панталони во воен стил, на англиски јазик од говорницата на Претставничкиот дом.
Радио слободна Европа