Земјотрес од 3,5 степени кај Сисак – Хрватска

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја потресе Хрватска, во близина на градот Сисак.

Според EMSC, земјотресот е регистриран во 05:45 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил на десет километри од градот Сисак, а длабочината на ударот била пет километри.
На официјалната веб-страница на EMSC имаше коментари од жителите во и околу Сисак, кои ги споделија своите искуства со овој земјотрес. Повеќе од 300 луѓе го пријавиле овој земјотрес, според EMSC.

 

фото: Архива