Земјотрес од 5,3 степени вечерва во близина на Санторини, досега најсилен

Земјотрес со јачина од 5,3 степени беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотреси над 5 степени беа регистрирани синоќа (точно 5 степени) и минатата среда – 5,2 степени.

Вечерва, земјотресот бил почувствуван на речиси сите околни острови, но и во делови на Атина.

 

 

mia.mk