Земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтер вчера ги потресе крајните северозападни делови на Кина, а потресот е почувствуван и во соседните земји Киргистан, Казахстан и Таџикистан, известува Анадолу.
Американскиот завод за геолошки истражувања објави дека епицентарот на земјотресот е во градот Акјолу во близина на кинеско-киргистанската граница, на длабочина од 13 километри.
Потресот е почувствуван во цела Централна Азија.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.