Земјотрес со магнитуда од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди подрачјето северозападно од Парапарауму, град на Северниот Остров на Нов Зеланд, пренесува Анадолу.
„Земјотресот се случи во 19:38 часот по локално време на околу 50 километри северозападно од Парапарауму на длабочина од 57 километри“, објави Радио Нов Зеланд, повикувајќи се на ГеоНет Нов Зеланд.
Силниот земјотрес предизвика страв меѓу жителите.
Не се регистрирани непосредни штети во регионот.
извор: Анадолу.
фото: Анадолу.