Југозападната турска област Мугла, на брегот на Средоземното Море, денес ја потресе земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, јавува Агенција Анадолија (АА).
Земјотресот е регистриран недалеку од брегот на Дача во Мугла во 7:13 часот по локално време, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД).
АФАД објави дека епицентарот на потресот бил на 6,76 километри длабочина во тлото.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета, се наведува од АФАД.
извор: Агенција Анадолија (АА).