Денес сум во Лешочкиот манастир, најголемиот духовен центар во Тетовско.
Заедно со Митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, владиката Јосиф, Вд.директорката на Националниот конзерваторски центар, Цветанка Хаџипецова, Ивица Томовски директорот на Служба за општи и заеднички работи на Владата и пратеникот Александар Велјановски најавуваме завршување на конзервацијата и ревитализацијата на Стариот конак, за што Министерството за култура и туризам обезбеди 6 милиони денари.
Овој проект е од огромно значење за нашето културно наследство и се очекува да биде завршен до крајот на годината.
Исто така, се обезбедени средства за конзервација на живописот на црквата Св. Богородица, каде е откриен трет најстар слој фрески, што сведочи за повеќевековниот континуитет на оваа историска локација.
Истражувањето на новинарите од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) покажува дека приватната болница која прими најмногу пациенти за време на ковид-19…