Патнички воз излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река. Несреќата се случила утрово околу 7 часот, но за среќа, нема повредени патници, дознава Плусинфо од извори од Македонски Железници-Транспорт, пишува Плус Инфо.
Како што дознаваме, станува збор за патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а во моментот на несреќата во вагоните се возеле околу 150 патници.
„Машина и вагон испаднале од шините кај железничката станица Кадина Река, од левата страна на реката Вардар. Се работи за патничкиот воз кој утрово тргнал од Гевгелија кон Скопје. Нема повредени лица“, ни изјавија од Македонски Железници-Транспорт.
Потврда, но и повеќе информации се обидовме да добиеме и од Министерството за внатрешни работи (МВР), но одговор сѐ уште не добивме.
4news.com